Одговaрајќи на новинарски прашања, Претседателот на статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ Панче Тошковски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е прва политичка партија на Балканот која што со статус го ограничува бројот на мандати на високи на функционери на партијата, а ова ограничување се однесува и на претседателот на партијата.
- Во иднина претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе може да биде претседател само два мандати на регуларен избор, евентуално би можел да добие и трет мандат, но само доколку биде подржан од 2/3 од телата кои што го бираат во конкретниот случај кога говориме за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е конгресот, истакна Тошковски.
Тошковски додаде и дека со новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ, не е предвидена функцијата почесен претседател.
- Во однос на почесни членови и почесни претседатели овој статут на ВМРО-ДПМНЕ такво нешто не предвидува односно ниту Никола Груевски, ниту било кој друг поранешен почесен претседател повеќе согласно овој статут не се почесни претседатели. Такво нешто статутот не предвидува, додаде Тошковски.