Калчолигашот Џенова е на добар пат да избори опстанок, откако синоќа во градското дерби ја совлада Сампдорија со 2:1.

За тимот на Горан Пандев ова беше втор триумф во низа по кој на три кола до крајот на сезоната во Серија А ја задржа предноста од четири бода пред конкурентот за опстанок Лече.

Резултати на натпреварите од 35. коло одиграни вчеравечер: Парма – Наполи 2:1 Интер – Фиорентина 0:0 Лече – Бреша 3:0 Сампдорија – Џенова 1:2 СПАЛ – Рома 1:6 Торино – Верона 1:1.

Колото ќе се комплетира вечер со средбите Удинезе – Јувентус и Лацио Каљари.

Води Јувентус со 80 бода, пред Аталанта со 74, Интер со 73 и Лацио кој има 69 бода.