Наум Стоилковски на својот фејсбук профил објави имотни листови од зградата кај Мајчин дом за кои тврди дека се од поранешниот градоначалник на општина Аеродром Ивица Конески.
Покрај станот кој е на име на неговата сопруга, Стоилковски објави и имотен лист со деловен простор кој е на име на Коневски.
- За Ивица (комшијата) Коневски, бидејќи влегува во материјална расправа, еве малку материјал за него.
Ја знаете зградата околу која се крена цел Аеродром кај Мајчин Дом.
Е, токму во таа зграда Коневски има стан и деловен простор над 350м2.
Патем, во истата зграда има стан и кумот на Марин.
Ако се чудите зошто Коневски никаде го немаше овие три години да каже нешто против Зоран Заев, човекот беше зафатен со други работи, листовите подолу кажуваат повеќе.
Членовите на ВМРО-ДПМНЕ во ВМРО гледаат кауза, а очигледно оние што бараат промени во ВМРО гледаат ДООЕЛ.
Тоа е разликата поради која Ивица Коневски тежи минус 4 илјади гласови, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Столковски.
Веднаш по неговата објава, преку соопштение до медиумите, реагираше и Ивица Коневски кој најави дека ќе поднесе тужба против Стоилковски.