СДСМ во нивниот мандат не исполнија ништо од тоа што го ветија.

Нема просечна плата од петстотини евра, не го изградија Клиничкиот центар, нема изградба и реконструкција автопатишта. Пред да дојдат на власт ветуваа живот за сите, но живот имаше само за лица блиски до СДСМ и Заев.

Оваа влада на СДСМ ќе остане запаметена по милионските тендери, криминалот, корупцијата.

Не може да се заборави дека Заев единствено што сработи во својот мандат е што успеа да го промени името на државата, иако претходно се колнеше во жицата, во најмилото дека тоа нема да го направи.

Кога станува збор за влада предводена од СДСМ и Заев не може да не се спомне случајот „Рекет“ каде на граѓаните им е добро познато дека милионската сума од овој случај завршила кај Зоран и Вице Заеви.

Граѓаните на Република Македонија заслужуваат многу подобро од овие погубни политики на СДСМ и Заев.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ