Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на испраќањето на традиционалната комитска коњаница која од Горно Лисиче се упатува кон Крушево во чест на 2 - ри август односно Илинден.

„Традицијата е нашето дефинирање. Во чест на светлиот Илинден поддршка за илинденската коњаница. Борбата на илинденците е нашата кауза. Слобода, независност, ВМРО, Македонија“, порача Мицкоски.