Во вечерашното издание на дебатната емисија “Само вистина” гостуваше советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје Светлана Колариќ, која се осврна на актуелните случувања поврзани со Универзалната сала во Скопје, како и можните решенија за нејзино реновирање или дислоцирање.
Колариќ потенцираше дека Универзалната сала е културно богатство на Скопје и Република Македонија, во кое се сублимирани сите сеќавања и сите културни манифестации кои се од огромно значење за граѓаните на Република Македонија.
Советничката Колариќ му укажа на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов да не манипулира со граѓаните во врска со Универзалната сала, бидејќи веќе четврта година започнува градбата на Универзалната сала, а фактите говорат спротивно на тоа, односно таа се повеќе тоне. Иако Петре Шилегов пробува да ја изврти вистината и да напаѓа некој кој не е должен за лагите и неисполнетите ветувања, сепак единствен виновник за руинираната Универзална сала е Петре Шилегов и СДСМ.
Колариќ потенцираше дека Шилегов наместо да се занимава со проекти кои требале да се реализираат во минатото или се реализирале половично, а не се довршени, треба да одговори зошто цели три години Универзална сала не е ниту започната со реконструкција.
Граѓаните на Скопје и на Република Македонија ја имаат прочитано матрицата на манипулации и лаги од страна на СДСМ и тоа во моментов се докажува по којзнае кој пат.
Сведоци сме дека СДСМ и Петре Шилегов не се кадарни да раководат со Град Скопје, ниту пак да реализираат проекти од предизборната програма која што е претставена пред граѓаните на Скопје. На градот му е потребен градоначалник кој деноноќно ќе работи во служба на граѓаните, а градот од ден во ден ќе прераснува во поубаво место за живеење, а не лажговци и манипулатори на кои единствен приоритет им е задоволување на личните материјални потреби.