Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на својот официјален Фејсбук профил сподели статус во кој пишува дека политичките партии не ги потврдувале изјавите на СДСМ и Заев дека имале мнозинство.

- Гледам СДСМ и Заев викаат дека имале мнозинство, а пак од друга страна тоа не го потврдуваат другите политички партии. Еве јавно нека објават СДСМ со кого "се ќердосаа" и имаат парламентарно мнозинство, кои се коалиционите партнери на СДСМ и детали, бидејќи зборовите "имам мнозинство" не се доволни за Влада 😂 Во спротивно СДСМ во овој момент освен што дрско краде, дрско и лаже 😁Што сепак и не е нешто ново, коментира Арсовски.