Поради светската здравствена криза веќе подолго време не е во можност да дојде во Македонија, а тоа му паѓа многу тешко, но вели дека и покрај тоа сите проекти и соработката продолжуваат на начин како што периодов функционира и целиот светот: онлајн. Израелскиот амбасадор во Македонија, Дан Оријан, во интервју за „Макпрес“ вели оти катастрофата во Бејрут е голема трагедија, но очекувана... Израел понуди помош, но Либан ја одби, „разбирливо“ вели амбасадорот, кога во владата на Либан е терористичката Хезболах.

Во контекст на последните случувања на Средниот Исток, кои се најголемите предизвици со кои се соочува Израел, особено од паравоените групи од земјите во регионот, како Хезболах, Хамас...?

- Израел се соочува со неколку сериозни предизвици во регионот, главна закана за нас сè уште е Иран. Таа е најголема закана за регионалната стабилност и мир. Нивната нуклеарна програма и нивните регионални амбиции се уште се загрижувачки. Израел нема да дозволи Иран да има нуклеарно оружје, но и иранско оптоварување на нашите граници. Меѓународната заедница мора да jа разбере одговорноста на Иран и да дејствува силно против малигните активности на таа земја.

Поддршката на Иран за проектот со ракетни управувачи на Хезболах треба да го зголеми меѓународниот притисок. Целта на овој проект е да му се даде на Хезболах стратешка офанзивна можност, која директно би го загрозила Израел и израелските цивили. Ние тоа нема да го толерираме.

Развивањето на нуклеарно оружје и континуираното креирање нестабилност во регионот,како и промовирање агенда против Израел, истовремено е поддржување на терористичките организации, кои делуваат против Израел. Една од тие организации е Хезболах, која на многу начини денеска е дел од официјалното раководство на Либан. Иако ја губат поддршката во последно време во Либан, сепак тие се таму со 100.000 ракети и илјадници активисти - чија јасна цел е државата Израел.

Уште еден голем предизвик со кој се соочуваме, а доаѓа од југот на Израел е терористичката организација Хамас и исламистичкиот џихад, кои непрестајно продолжуваат да пукаат проектили, огнени балони и експлозив во Израел, предизвикувајќи огромни штети. Само во последните неколку дена, додека израелскиот одбранбен систем е во состојба да пресретне проектили испукани од Газа, балоните и змејовите полни со експлозив се покажаа како поинаков предизвик за нас. Затоа се трудиме да пронајдеме технолошки начини за да ги запреме балоните полни со експлозиви. Во тек е развојно решение базирано на ласерски зрак. Сепак, технологијата е само дел од тоа решение. Кога ќе обезбедиме наша солуцијска дефанзива, оние што користат терористички средства ќе размислат двапати пред да одат чекор понатаму.

Се надеваме дека овие прекршувања на суверенитетот и терористичките акти наскоро ќе престанат, така што нема да мора да преминеме во поширок контра напад. Најмалку 50 пожари беа подметнати во јужниот дел од Израел во неделата. Вечерта кон понеделникот колу 200 Палестинци на границата со Газа палеа гуми и фрлаа експлозив. Израел нема да дозволи ова да продолжи.

Израелските воени авиони и хеликоптери одговорија таргетирајќи ги базите на Хамас во појасот Газа, како одговор на континуираниот напад со балони, а реакцијата ќе биде многу посилна доколку ова продолжи. Ние ќе нишаниме кон подземната инфраструктура на терористичката група Хамас, но доколку нападите од Газа продолжат, реакцијата ќе биде многу посилна.

Какви се последиците од експлозијата во Бејрут и непосредната близина на Израел? Либан ја одби помошта што Израел ја понуди...

- Израел не се изненади од настаните во Бејрут, ние бевме тажни што ја видовме оваа погубна експлозија и настаните потоа. Иако Израел официјално беше во војна со Либан, ние понудивме и формална и неформална поддршка, болниците од северот на земјата понудија лекување на повредените, како што впрочем нудиме години наназад и за оние кои имаат потреба во Газа и Палестина. Либанската страна ја одби оваа понуда, очекувано, кога Хазболах е дел од тамошното раководство. Ќе продолжиме да нудиме поддршка, но и се надеваме дека новите резолуции во ООН, кои се занимаваат со мандатот на УНИФИЛ, ќе ја завршат работата, како и дека ќе помогнат во отстранувањето на ракетите и оружјето на Хезболах од Јужен Либан.

Го повикуваме Либан да се приклучи на мировните напори и да потпише мировен договор со Израел, како што направивме со Египет и Јордан, а сега и со Емиратите. Ги повикуваме нашите пријатели и сојузници во светот да помогнат во правните напори против Хезболах и другите терористички организации. Германија донесе закон што се однесува на Хезболах - како оној на САД, па се надеваме дека и државите на Балканот ќе го следат овој пример.Без сомнение, големата вест што доаѓа од Средниот Исток оваа недела е договорот меѓу Израел и Емиратите. Емиратите имаат добри релациии на Балканот и тоа може да создаде можноста за дополнителна соработка во регионот.

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа договор за нормализирање на односите, ова е трет мировен договор со арапска земја. За сега Палестинците не се задоволни од договорот, но со него барем привремено се запира планот на Израел да присвои делови од спорните територии – со други зборови, на некој начин Емиратите им помогнаа на Палестинците да се вратат на преговарачката маса. Се надеваме дека ќе се согласат. Водечките израелски високи функционери работат на проширување на соработката со други потенцијално релевантни партнери како што е Бахреин и Саудиска Арабија.Без сомнение, економскиот потенцијал е огромен, но несомнено истотака дека игореспоменатите активности на Иран за дестабилизација на регионот се дел од оваа нова и важна коалиција.

Во целатата ситуација, дополонителна криза е Ковид 19, како Израел се соочува и менаџира?

- Израел деновиве се справува со вториот бран на корона. Не е лесно. Економски пред се, бидејќи Израел има пораст на невработеноста на 500, 000 лица - што е многу помалку од пред 3 месеци, но сепак е висок раст. Главните напори се да се осигураме дека епидемијата е под контрола. Поставен е нов координатор за водење на Комисијата за борба со Ковид 19 , кој е многу активен во Парламентот. Се чини дека сме надобар пат, а и бројките на дневно ниво се намалуваат. Иако сè уште Израел има повеќе од 600 починати. Стравот постои поради престојната зима и појавата на сезонскиот грип од кој се полнат болниците. Затоа особени напори треба сега, со целда се регрутираат нови луѓе и персонал за да можеме да се справиме уште подобро.

Направен е огромен напор во потрагата по вакцини и средства за борба против вирусот. И во сферата на тестирањето исто така, за да биде лесно, брзо и безбедно. Израел веќе има големи достигнувања на ова поле.

Израелската влада креира безбедносна мрежа (на економски план) на сите погодени од пандемијата. Трошоците се огромни, но за среќа Израел ја започна кризата со пандемијата во многу добра економска состојба, имавме добри резерви, па можевме да им помогнеме на скоро сите кои имаат потреба. Има уште многу да се направи, но се чини дека се движиме во вистинската насока.

На кое ниво е соработката меѓу Израел, Македонија, Балканот, и како влијаат на пример актуелните прашања како македонската политичка ситуација, односите Србија- Косово, на овој план?

- Тешко е што не доаѓам во С. Македонија веќе неколку месеци, се надевам дека наскоро ќе можам да се вратам, сепак, напорите за соработка продолжуваат.Ние сме партнери со Фондот за иновации за еден атрактивен важен регионален проект (O2 предизвик 2 - акција за позитивни климатски промени). Последниве неколку месеци, со Јаир Енгел - директор на Кајама ( Центарот за одржлив дизајн) работевме заедно со ФИТР, Македонија 2025 и УНДП МК на првиот регионален јавен повик чија цел се климатските промени. 45 стартапи и компании аплицираа и го почнаа процесот на селекција. Ова е прв пат македонска владина институција да отвори можност преку партнерства и конзорциуми да повика компании, организации и други земји од балканскиот регион да се ангажираат.

Ги поврзуваме балканските со израелските експерти на различни теми, но пред се во врска со ковид-19. Бараме економски можности за зајакнување на врските меѓу Израел и Балканот дури и во овој комплициран период. По новата влада во С.Македонија ќе разгледаме нови полиња на соработка на државно ниво. По долго време на нестабилност и неколку избори, Израел сега има стабилна влада и сака да расте партнерството со Балканот.

Семинарите за помош и соработка со Машав се во интернет фаза. Задоволство е да се види голем интерес за специјалните предавања и вебинари. Најголемата група беше од Индија. Втората најголема беше од С. Македонија и размислуваме за специјален проект на темите со нашите македонски партнери.

Јас сум во директен контакт со министерот за здравство, Израел ќе помогне во местата за коишто сме релевантни. Веќе помогнавме на одредена категорија лица, ЛГБТ лицата од Тетово, обезбедивме мала помош за Ромите, самохраните мајки, кои имаа потреба. Работиме на специјална помош на болницата во Битола именувана по д-р Аврабанел и се надеваме дека ќе излеземе со пакет помош за главниот Ковид- центар во Скопје.

Како тече соработката со еврејската заедница во Македонија, како гледате на предизвиците со кои се соочуваат Евреите тука?

- Оваа година не можевме да дојдеме на „Маршот на живите“ во Битола, кој го реализираме во последните неколку години. Се надевам наскоро ќе ги здружиме силите и ќе можеме да ја раскажеме приказната за минатото користејќи иновативни начини. Постојано бараме нови начини со нашите партнери и организации. Ние работиме на зајакнување на коалицијата за овие теми во Израел, многу нови партнери се заинтересирани да се вклучат . Градоначалниците и НВО-ции секојдневно се здружуваат, а се надеваме дека кога ќе се смири пандемијата ќе можеме да продолжиме и да го зацврстиме нашето партнерство уште повеќе. Го зајакнавмепартнерството со невладината организација „АКТА НОН ВЕРБА“ и заедно работиме и на едукација и истражување за холокаустот. Презедовме и неколку важни чекори. Посветени сме на чистење и работа околу предметите од старите еврејски гробишта во Битола, а имаме и партнери од академската заедница. Битолскиот проект, според мене е одлична туристичка можност.

Израел им подава рака на сите еврејски заедници во целиот свет, кои се во тешки услови. Среќни сме што заедницата во С. Македонија е во добра состојба, го следиме развојот, со надеж дека ќе видиме нови партнерства кои ќе произлезат од тешките денови. Израел учествува во дијалозите, а се надеваме дека ќе видиме и некои добри резултати на Балканот, С. Македонија,бидејќи новите партнерства значат поддршка за натамошно раскажување на приказната од минатото./Д.Б.


Администратор
22/08/2020 10:02