Одговорајќи на новинарски прашања, поранешната дополнителна заменик министерка во Министерството за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска истакна дека е шокирана од одлуката на антикорупциска комисија да не даде предлог за кривична постапка и судир на интереси во случајот со повлекувањето на депозитот на министерката за финансии Нина Ангеловска од сега веќе пропадната Еуростандард Банка.

Пред пресот го прочитав ставот на Антикорупциската Комисија и сум да не речам сум шокирана. Зошто? Ако Зоран Заев изјави дека пред една година точно знаел дека банката има проблеми и ако точно пред една година па можеби и повеќе од тоа бидејќи гувернерката досега не се произнесе по однос на тоа кога и во кој момент адекватноста на капиталот на банката паднал под 8, согласно законскиот минимум тоа значи дека банката требала да биде затворена една година претходно. Во меѓувреме Нина Ангеловска станува министер за финансии, поминува една година во која банката е под тој законски минимум и министерката полека, полека го намалува својот депозит. И уште нели најшокантно на месец и пол пред избори таа ги повлекува и последните средства, а притоа да не заборавиме таа е дел од Комитетот за финасиска стабилност. Како може Нина Ангеловска да нема информации и да не знае дека банката последната година имала проблеми. Оттука се поставува прашањето дали таа намерно и полека го вадела својот депозит за да не биде воочливо нели одеднаш и притоа токму заради такви случаи како Нина Ангеловска кој што требале во последната година да ги повлечат своите депозити се одвлекуваше стечајот на банката и не баш пред избори не знам зошто повторно гувернерката ќе треба да одговори на прашањето, туку после избори ние имаме отварање на стечај на банката. Антикорупциска по мене тука е само и не по мене, туку е и ставот на ВМРО-ДПМНЕ е само продолжена рака на Зоран Заев. Со оваа одлука која што ја донесе тоа е и ништо повеќе не може да се заклучи за Антикорупциска, истакна Димитриевска Кочовска.