Парите наместо кај народот кај функционерите на Заев, воведување на повеќе потпретседатели во Собранието е дополнителен трошок во Буџетот

1.Љупчо Николовски човекот од позадина на Заев, кој ги организираше сите изборни нерегуларности и партиски поткуп од над 1 милијарда не може да спроведе никакви реформски процеси.

2. Небулозна одлука на ДКСК за министерката Ангеловска и скандалот со „Еуростандард банка’’ вреден 200 милиони евра, 100 000 граѓани со блокирани сметки а кривична одговорност и оставки нема.

3. Воведувањето на 5 потпретседатели во Собранието во време на економска и корона криза значи дополнителни трошоци во буџетот.

4.Дисфункциналиот систем и неспособноста на Заев и неговата влада за 5 месеци остави околу 36.000 граѓани на улица.

5.Транзициските кадри на Заев се продолжение на заштитата на криминалот и корупцијата во високите кругови на власта.

6.Шилегов капитулираше во битката против комарците.

7.Новоизбраните пратеници се избрани во незаконита постапка.