Откако владеачката партија преку соопштение ја инфомираше јавноста дека според нив пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова гласала спротивно на волјата на граѓаните односно не гласала за пратеникот од редовите на ДУИ кој ќе го седне во собраниските столлчиња по оставката на Флорин Бесими со свој коментар на социјалните мрежи излезе и професорката Силјановска.
- СДС денес пласираше ноторна лага, насловена како: „ Гордана Сиљановска збунета во Собранието, гласаше против вољата на граѓаните!
ПРИЗНАВАМ дека, СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ме збунува КРШЕЊЕТО НА ПРАВОТО. Не, не гласав ниту против г. Бедри Фазли, ниту против граѓаните, туку против флагрантното кршење на Деловникот на Собранието, односно непочитувањето на членот 17 , на кој се повикува Верификационата комисија во Извештајот, според кој, на местото на пратеникот Флориан Бесими, по неговата оставка, доаѓа г. Бедри Фазли.
Имено, членот 17 од Деловникот гласи: „ Верификацијата на мандатот на пратеници кои станале пртеници од листата на кандидати за остатокот од мандатот, Собранието ја врши на првата наредна седница, врз основа на Ивештајот на Државната изборна комисија , а на предлог од КОМИСИЈАТА ЗА ДЕЛОВНИЧКИ И МАНДАТНО-ИМУНИТЕТСКИ ПРАШАЊА“.
Очигледно е дека некој „заборави“, односно ПРЕВИДЕ дека Извештајот дојде од НЕНАДЛЕЖНА КОМИСИЈА, односно од Верификационата, чиј мандат заврши на КОНСТИТУТИВНАТА СЕДИЦА, наместо од КОМИСИЈАТА ЗА ДЕЛОВНИЧКИ И МАНДАТНО- ИМУНИТЕТСКИ ПРАШАЊА, која што , за жал, сеуште не е формирана. САМО ТАА е надлежна да му предложи на Собранието верификација на мандатот на пратеникот од листата на кандидати за ОСТАТОКОТ ОД МАНДАТОТ.
Повикувањето на слични „преседани“ во минатото е погрешен пристап, затоа што оправдува кршење на Деловникот и ПРАВОТО. Во членот 17 од Деловникот нема став според кој до формирањето на Комисијата за деловничко мандатно- имунитетски прашања, Верификационата комисија ќе продложи со својата активност!
Опасна лага е да се тврди дека јас гласав „ против“ верификацијата на мандатот и стекнувањето статус на пратеник на г-динот Бедри Фазли од националистички, а не од легалистички причини. Од кога ЛЕГАЛИЗМОТ стана НАЦИОНАЛИЗАМ?
Јас , впрочем, во канцеларијата на ДУИ, лично, на г. Бедри Фазли , пред пратениците на ДУИ, му ги образложив причините за мојот СТАВ и однесување, а на следната собраниска седница и ЈАВНО, од собраниската говорница МУ СЕ ИЗВИНИВ што е, без никаква вина, засегнат, потенцирајќи дека сум против БЕСПРАВНОТО постапување, односно КРШЕЊЕТО НА ДЕЛОВНИКОТ од владеачката колација, а не против неговиот избор.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се воздржа од гласање во овој случај, а потем побара одлагање на сите следни верификации на мандатите на пратениците кои што треба да дојдат на местото на оние чии оставки следат, до формирањето на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетски прашања, но и по ЛОГИЧНАТА РЕАКЦИЈА на Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција за неуставноста и незаконитоста на фузијата на пратеничката и министерската функција кај определени личности!, реагира Силјановска.