Одговорајќи на новинарски прашања, Гордана Димитриевска Кочовска, поранешната дополнителна замник министерка во министерството за финансии вели дека дополнително оптоварување на буџетот до крајот на годината ќе биде тоа што државни претпријатија не можат да ги сервисираат обврските по однос на кредити и помош бараат од државата а таков трошок нема предвидено во буџетот на министерството за финансии.

- Власта ќе мора да посегнат по некакво финансирање дополнително затоа што ќе не може да се издржи не верувам дека ќе успеат со еврообврзница до крај на годината. Ние сме мала земја отворена економија, нестабилна и до крајот на годината уште една еврообврзница мислам дека како да кажам, народски е крупен залак за државата и дека тоа нема да се оствари. Но, она што ме загрижува е што еден голем сериозен дел од компаниите ќе почнат да се префрлаат, со да го префрлаат својот терет на државата. Значи имавме сознание дека дел од државните фирми кои што не можат де ги исплатат своите кредити веќе бараат од министерството за финансии тоа да ги сервисира. Е сега тие не се планирани како трошоци во буџетот, тоа дополнително ќе ја оптовари целата ситуација. Министерот за финансии ќе одлучува што понатаму меѓутоа не очекувам дека до 31.12 ќе успее воопшто да се земе било каква нова еврообврзница, вели Кочовска.