Собраниската расправа за избор на нова влада, предложена од мандатарот Зоран Заев продолжи по едночасовна пауза.
Во претпладневниот дел од расправата, во експозето за предложениот нов состав на Влада Заев, барајќи ја поддршката од пратенците за новата влада пред пратениците тој рече дека предожените кандидати за идни министри се одговорни и угледни личности, докажани во своите области, мотивирани посветено да работат во остварувањето на целите кои пред нас ги поставуваме, а од пратеницте побара да ги случаат гласачите, но и да бидат контролор и коректив на работата на извршната власт.
Ова е мала Влада, посочи Заев, што ќе ја предводам и во која членуваат мотивирани и посветени личности, кои ќе работат на остварување на поставените цели во стратешки интерес на државата.
– Се обврзуваме во време на криза минималната плата да ја задржиме на 14.500 денари и да ги помагаме граѓаниете и компаниите. По завршување на кризата Владата ќе се обврзе на 20 до 30 отсто раст на минималната и просечна плата. Наша цел е 20 илјади денари минимална плата до крај на мандатот. Во зависност од траењето на светската криза, се обрзуваме да оствариме раст од 4 посто, изјави Заев.
Најави отворање разговор и носење со консензус одлука за даночната политика.
– Износот на нето инвестициите ќе бидат милијарда евра. Нивото на јавни инвестиции ќе порасне на две милијарди, а странските директни инвестиции на над една и пол милијарди. Домашните и странските инвестиции ќе ги поддржиме со 300 милиони евра од буџетот и 300 милиони од странските фондови, изјави Заев.
Ќе продолжоиме, најави Заев, со инвестирање во нови патишта и автопати и железничка инфрастурктура.
– За да го постигнеме ова е важна стабичност и затоа е неопходно да го заврши својот четиригодишен мандат, рече Заев.
Во расправата пред паузата, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека „се што треба да знаеме за економските ветувања во експозето на мандатарот Зоран Заев е дека тој истиот рекол оти Фејсбук и Гугл чекаат да инвестираат во земјата“.
– Сметам дека оваа влада, само на денот на експозето може да има добри зборови за економијата. Единствено нешто што ќе се зголемува со секој ден, се цените, невработеноста и иселувањето. Власта е неспособна, ветува странски инвестиции, а не видовме ниту едно име на странска фирма инвеститор, нагласи Милошоски.
Во однос на коалицијата и составот, Милошоски, рече дека „само ќе потсети на еден мега скандал во пензискиот фонд за кој објави Мила Царовска, како министерка за труд и социјална политика, а како виновник го посочи Аратан Груби. – Сега истите тие ќе треба да соработуваат во оваа влада, изјави Милошоски.
Тој додаде и дека во програмата на тогашниот мандатар во 2017 година, беше ветено дека ќе биде востановен кредитен правобранител, што ќе ги штити граѓаните.
– Наместо кредитен правобранител, ни се случи втор ТАТ, а министерката за финансии и блиските до неа да си ги повлечат парите. Затоа сметам дека оваа влада е економски неуспешна, изјави Милошоски.
Претходно неговиот сопартиец Александар Николовски, оцени дека новата влада е составена од колација на лага и со мнозинство. Најави протести за нејзино соборување, оценувајќи дека ќе биде со најкраток мандат. Костадин Костадинов, од СДСМ, пак, во реплика рече дека е убеден дека ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе бидат во опозиција со ваквиот однос и ширење на лаги на ВМРО-ДПМНЕ.