„Нека ми извини ЛГБТИ заедницата, ама педерски игравте до крај, наместо Зоран Заев да си поднесе оставка по неуспешниот референдум“, му реплицираше пратеникот од Левица Димитар Апасиев на пратеникот од СДСМ Дамјан Манчевски на денешната собраниска седница на која се дискутира предлогот за нова влада.
- Сега ќе бевме горди Македонци, а потписниците на Преспанскиот договор сега ќе беа зад решетки за сторено кривично дело „загрозување на независноста“ и ставање во положба на потчинетост кон друга држава, додаде Апасиев на што доби критика од спикерот Џафери дека треба да внимава на неговиот вокабулар.