Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ имаше редовна седница на која се дискутираше на повеќе теми, со акцент на актуелната политичка состојба. Беше констатирано дека Владата која ја изгласаа СДСМ и ДУИ е со стари и истрошени кадри, кои во Македонија донесоа само криминал, корупција и рекет. Состојбата со економијата и растечката сиромаштија е се позагрижувачка, има одлив на странски инвестиции наместо привлекување и зголемување на невработеноста за нови 40 илјади.
Владата на СДСМ е влада која е регресивна и не може да ја води државата.
Беа донесени и повеќе кадровски одлуки.
Извршниот комитет го избра Сергеј Попов за нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Попов е од Скопје, апсолвент на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје и е досегашен претседател на градскиот комитет на УМС на ВМРО ДПМНЕ.
На седницата на Извршниот комитет беше донесена одлука за избор на претседатели на општински комитети во изборните единици 1, 2 и 3.
- Иван Живковски - ОК Кисела Вода;
- Дејан Митески - ОК Аеродром
- Тони Јаревски - ОК Карпош
- Гане Петров - ОК Центар
- Жарко Ристески - ОК Македонски Брод
- Јане Мицевски - ОК Сопиште
- Кенан Абди - ОК Студеничани
- Мартин Стојановски - ОК Сарај
- Бобан Стефковски - ОК Гази Баба
- Бојан Стојаноски - ОК Ѓорче Петров
- Ѓоко Велковски - ОК Чаир
- Дарко Костовски - ОК Бутел
- Зоран Бајовски - ОК Чучер Сандево
- Ерџан Демир - ОК Шуто Оризари
- Александар Ѓорѓиевски - ОК Илинден
- Марија Петрушевска - ОК Петровец
- Коста Маневски - ОК Зелениково
- Зоран Здравевски - ОК Чашка
- Дејан Владев - ОК Свети Николе
- Иван Јорданов - ОК Штип
- Виктор Паунов - ОК Карбинци
- Далибор Ангелов - ОК Чешиново Облешево
- Борчо Коцев - ОК Зрновци
- Митко Костадиновски - ОК Виница
- Димче Атанасовски - ОК Македонска Каменица
- Бошко Цветковски ОК Лозово
-Киро Нацков ОК Градско
Извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ за Координатор на пратеничката група го избра Никола Мицевски, а за негови заменици ги именува пратеничките Дафина Стојаноска и Ели Панова Донесена е одлука и за распишување на оглас за избор на претседател на УЖ НА ВМРО-ДПМНЕ, преку јавен повик кој ќе трае две недели.
Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ ќе го раководи Луке Галески.
Процесот на кадровски смени и доекипирање ќе продолжи во следниот период.