ВМРО-ДПМНЕ изразува сочувство за загубата на Мазлум Хасан, поранешен градоначалник на општина Центар Жупа.
Неговото заминување е од непроценлива загуба за неговото семејство, неговите пријатели.
Заминувањето на Хасан е загуба и за турската заедница во Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ соработуваше со Хасан за време на неговиот мандат, а Хасан беше и наш голем пријател.
Тој со својот ангажман има придонес за развојот на Центар Жупа и целиот регион, промоција на културата и традицијата од тој дел на нашата земја.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ