Протестот и отпорот ќе продолжат се додека не ве детронизираме од местата каде што со поткупени избори се наоѓате, и затоа ќе не има се повеќе и насекаде низ Македонија, порачa Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот протест против покачувањето на струјата.

- Денес сме овде и протестираме за социјална тема а тоа е покачената цена на електричната енергија. Овие во оваа зграда овде (Регулаторна комисија) предводени од човекот кој е гласноговорник на Зоран Заев во енергетиката, кога зборува Зоран Заев, зборува овој човек. Кој е тој човек?

Еве го, овој е тој човек. Овој е човекот кој што е независен регулатор. Овој прославува во седиштето на СДСМ, а потоа ја кодоши државата, ја кодоши опозицијата, го кодоши сопствениот народ во Европската енергетска заедница.

Овој е човекот кој потпиша зголемување на цената на електрична енергија за 7.5 %. Овој е човекот кој брцна џебот на овој осиромашен и напатен народ. Овој е слугата на мафијата, овој човек има име и презиме и се вика Марко Бислимовски, запаметете го убаво.

Па денеска ќе ви кажува овој истиот човек, овој човек кој што и слугува на мафијата, дека ја покачиле само цената на електричната енергија за државните компании, истакна Мицкоски на протестот пред регулаторна комисија.