На почетокот од својот мандат ќе изградам нова поликлиника на територија на општина Бутел, почитувани граѓани на овој начин градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски сурово ве излажа на една телевизиска емисија во која што гостуваше на почетокот од својот мандат.

Велимир Смилевски исто така не излажа и со своето предизборно ветување, во ова предизборна програма во која што се обврза дека општина Бутел до крајот на 2020 година ќе добие нова поликлиника.

Но, тоа не е се. Тој заедно со кандидатот за пратеник Славјанка Петровска на предвремените парламентарни избори кои што се одржаа неодамна од ова место исто така ветија нова поликлиника на територија на општина Бутел секако станува збор за уште една лага.

Веднаш позади нас се наоѓа една од најруинираните амбуланти на територија на Градот Скопје. Општина Бутел брои 60.000 жители и е единствена општина на територија на Градот Скопје која што нема своја амбуланта.

Граѓаните на општина Бутел за да направат специјалистички преглед мора да ја напуштат својата општина. Веќе една година не можат да направат лабораторија на територија на општина Бутел.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ цврсто се обврзуваме во периодот кој што следи, јас како пратеник во собранието на Република Македонија, но и советниците на ВМРО-ДПМНЕ во советот на општина Бутел ќе дадеме се од себе да пробаме да ги убедиме луѓето од власта да изградат нова поликлиника на територија на општина Бутел.

Меѓутоа, искрено не веруваме дека тоа ќе се случи бидејќи веќе поминаа три години, луѓето од СДСМ имаат полна власт како на локално така и на централно ниво, а поликлиника во Бутел не изградија.

Веќе три години Велимир Смилевски е градоначалник на општина Бутел, тој со неговата неспособност апсолутно со ништо не го подобри животот на граѓаните на општина Бутел.

Велимир Смилевски во оваа предизборна програма вети 10тина капитални проекти од кои што поминаа веќе три години а нема апсолутно ништо, нема ниту започнати проекти а камоли нивна реализација.

Работата на Велимир Смилевски како градоначалник се сведе на садење цвеќиња во училишни дворови, косење трева во училишни дворови и фарбање огради во училишни дворови.

Исто така Велимир Смилевски е познат по огромната превработеност во општина Бутел, чинам дека има над 200 нови вработени во општинската администрација, секако тоа се партиски војници кои што сурово ги трошат парите на граѓаните, односно Буџетот на општина Бутел.

Почитувани граѓани.

За само една година од сега ќе имате можност да ја казните неспособноста на Велимир Смилевски како градоначалник и испраќајќи го во историјата како еден од најнеспособниот градоначалник на територија на Градот Скопје.

Дарко Костовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ