Откако премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил го искоментира најавениот протест на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе биде под паролата „За ЕУ, за Македонија, за Делчев“ притоа напоменувајќи дека Гоце Делчев се борел за социјална правда, исто така преку својот фејсбук профил Мицкоски му врати на Заев.

- Гоце Делчев е идеолог и водач на македонската револуционерна организација и се бори за ослободување на Македонија.

Македонија која вие ја засрамивте, пониживте, опљачкавте и разочаравте. Жалам што, наместо да промовирате вистински европски вредности, се одлучивте да продолжите да распродавате од нашето достоинство и не заборавивте да крадете.

Ќе ви тежи цел живот предавството и криминалот што го правите. Македонија и Македонците не забораваат. Жалам за поразот во Делчево, ќе бидеме подобри следниот пат кога ќе има демократски избори, а се радувам на победата во повеќе од 40 општини, вклучувајќи го и Скопје., реплицираше Мицкоски на коментарот на Заев