Наместо европско општество, Владата гради апартхејд
Едно општество за сите не се гради со етничка исклучивост. Мерката на владата на Заев не само што е деградирачка туку е и дискриминаторка кон останатите граѓани. Наместо европско општество, Заев гради апартхејд.
Субвенционирањето на приватни компании за вработување по етнички клуч е апсолутно неприфатливо. Компаниите не треба да се делат по тоа кого вработуваат.
Наместо политика на апартхејд, Владата нека почне да води европски политики. Нека ги тргнат главите од тендери и криминални пари, и нека гледаат да сработат барем нешто за граѓаните на Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ