Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило кое го користи власта на Заев, Гордана Јанкуловска ќе оди во затвор.

Ја судеа без докази затоа што не одбра да биде слуга во скутот на Заев. Ова не е никаква правда, туку начин да се оттргне вниманието од вистинските скандали, криминали и неуспеси на мафијата на власт. Јанкуловска беше генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и тука таргетот не е Јанкуловска, туку ВМРО ДПМНЕ.

Оваа одлука на судот е ден по раскрвавената глава на Палевски, и откако целокупното судство и истото обвинителство ги пропушти и амнестираше сите скандали на мафијата.

И не заборавајте, Горде е мајка на еден мал ангел, но и ова ќе помине, а срамот на Заев и мафијата за ваквата тортура ќе остане. Мафијата не треба да се плаши од освета, туку од правда, а таа ќе дојде.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


Администратор
18/09/2020 16:36