Благодарам што и денеска одвоивте дел од вашето време и сте овде со нас на овој протестен марш, да дадеме поддршка на сите оние неправедно обвинети и неправедно осудени, на сите оние кои што денеска поради постапките на оваа отуѓена и ненародна власт предводена од мафијаши се наоѓаат во затвор. Луѓето кои што денеска се предмет на мобинг во јавната администрација, во јавните претпријатија во локалната администрација. Ви благодарам уште еднаш што сте овде денеска со нас, порача Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на протестот кој денеска започна пред министерството за правда а заврши пред кривичниот суд во Скопје.
- Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе по затвори, луѓе кои страдаат поради самоволието на власта и мафијата.
Зошто е тоа така? Затоа што во овој хибриден режим кој го констатираат европски институции се владее со терор, со притисок и реваншизам.
Ништо не се смени за овие 4 години од мафија. Тие, како пред 4 години, така и денес ветуваат исти работи. Ќе имало правда, ќе имало ред, ќе имало дисциплина. 4 години живееме во состојба на "ќе". Оваа "ќе" влада живее во очекувањата кои ги креира, и нема решение на проблемите кои што денеска се тешка сурова реалност.
Една помината ноќ на невин човек во затвор е потешка од 10 години робија на криминалец.
Во затворите има луѓе кои се таму поради политички прогон, а оние за кои Заев велеше дека се криминалци денес гледаме дека се најблиски до него.
Целта е едноставна. Двете мафии, онаа на Заев и онаа која му се покори да му служи, сакаат да има две партии, каде сложно ќе договараат кога да се смени власта, а тоа е тогаш кога ним им одговара. Но, имаат голем проблем во тој план. ВМРО никогаш, ама баш никогаш не се покорил и никогаш никој не го покорил. Кога економијата пропаѓа, кога банка со народни поради пљачката на мафијата оди во стечај, кога земјоделците протестираат и кога притисоците се засилуваат, а некому не му е јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ е тема на владините медиуми, јас ќе ви одговорам, реваншизмот е главен.
Поради сето ова има гласни медиуми кои во име на власта ја трујат вистината, и затоа има медиумски обрач кој низ розеви очила ја сервира грдата, тешка и болна реалност. Оваа Влада сака да ги слушаме со воодушевување и поласканост истите ветувања за правда кои 4 години ги даваат одново и одново. Тие мислат дека народот има меморија на аквариумска рипка и дека секој миг ни е ново доживување. Каква навреда од овие самобендисани мафијаши!
До кога ќе ја чекаме правдата? 30 години на овој народ му поминува во некакво чекање. Доста е веќе со празни ветувања, треба да се делува, народот бара дела! Одбиваме да ги потрошиме нашите животи во чекање.
Неправда е кога се тепаат новинари. Критичарите на власта добиваат крвава глава само затоа што зборат гласно за криминалот на мафијашите и нивните слуги исти како нив мафијаши. Зарем тоа треба да се одмолчи? Еве помина време да прашам до каде е тепањето на новинар, ги најдоа ли сторителите? Што е со судските процеси врз новинари, или пак тужбите кои ги добиваат новинарите и медиумите затоа што пишуваат за криминал.
Неправда е кога медиуми се напаѓаат, етикетираат, прогласуваат за "државни непријатели" за да се уценуваат нивните сопственици. Обвинителството молчи што стотици илјади евра остануваат непокриени во извештаите на СДСМ од кампањата, а власта врши прогон кон медиуми и ВМРО ДПМНЕ за законско рекламирање.
Неправда е кога главната обвинителка е главен телохранител на мафијата. Неправда е кога убијците на децата од Смилковско се на слобода а уставобранителите во затвор.
Неправда е кога Гордана Јанкуловска ја носат во затвор а Заев се вози со истиот мерцедес и троши дополнителни 8 милиони евра за набавка на други возила. Во оваа држава владеат законите на криминалците. Разни криминалци се изживуваат и велат: ,,Ве чекаме во затворите, а таму тешко вам,, но, забораваат дека тракалото се врти! Тие не треба да се плашат од одмазда туку од правда, а таа ќе ги стигне сите порано или подоцна.
Неправда е кога Луј Витон судството носи "трас трас" одлуки кои ги диктира Заев, а истото молчи за рекетот, панамските пари и бизнис зделките на Заев и сомнителен бизнисмен за милионски бизниси во Тетово.
Кога толку неправда и прогон има од Заев кон ВМРО-ДПМНЕ и критичарите на мафијата, можете да замислите колку е лошо за обичниот човек. Колку голем прогон и реваншизам има за обичните граѓани. Ги распределиле од Скопје да работат на рудник во Кичево затоа што пишувале критички статуси против власта. Избркале самохрана мајка зошто требало да вработат партиски војник. Избркале жена пред пензија за да има работа за децата на функционерите. Ете тоа се насловите и случувањата на секојдневно. Има брутални притисоци и кон припадниците на министерството за внатрешни работи, професионалните војници, се врши реваншизам кон овие луѓе затоа што не се покоруваат и сакаат да бидат професионалци. Не можат и одбиваат да бидат соработници на мафијашите и мафијата, истакна Мицкоски.