Четири барања упати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот нов протест кој партијата го организираше против неправдите, криминалот, реваншизмот и притисоците на власта.

- Судството и обвинителството се инструменти на мафијата, затоа нема никаква реакција. Мафијата е мафија зошто судството и обвинителството се клекнати на колена.

Како прво бараме тоа што беше ветување дадено од мафијата кога мафијата беше во опозиција иако и после овие брутално покрадени талибански избори тие требаше да останат во опозиција, но за кратко ќе бидат во опозиција, бараме: овие мафијаши да си го исполнат ветувањето и да дадат можност опозицијата да предложи независен и непристрасен јавен обвинител кој ќе го исече од корен криминалот почнувајќи од првото дело па се до завршувајќи го последното. Без разлика на политичката припадност.

Ова не би требало да биде пречка за Заев зошто истото го предлагаше пред да дојде на власт и пред мафијата да ја окупира држава

Ова не би требало да биде пречка за Заев затоа што истото го предлагаше пред да дојде на власт и пред мафијата да ја окупира државата.

Второ, под итно да се спречи реваншизмот, да престане реваншизмот притисоците и политичките етикетирања во администрацијата, војската, Министерството за внатрешни работи. На сите врз кои им е нанесена неправда, без оглед на припадноста и политичката ориентација ВМРО ДПМНЕ им нуди бесплатна правна помош. Обратете се до нас и тим на адвокати и правници ќе ви помогнат. ВМРО ДПМНЕ им нуди бесплатна правна помош. Сите оние кои што се чувствуваат обезсправено и под притисок се на власта, цел се на реваншизам од власта, ВМРО-ДПМНЕ им стои на располагање за бесплатна правна помош. Обратете се до нас, до нашиот тим на адвокати и правници, но и оние кои што решија да волонтираат токму за вас, да ви помогнат за да и ставиме крај на мафијата и ова бескурполозно однесување на мафијата.

Трето, државава во моментов е без комисија за заштита од дискриминација. Најитно да се формира оваа комисија и да се донесе новиот закон за заштита од дискриминација. Мора оние кои се подложни на уцени, закани да бидат заштитени!

Четврто, сите предмети кои се познати во јавноста каде е почувствувано неправда, притисок, уцена и реваншизам, каде правдата не е заштитена, сите предмети за криминал за кои власта сега молчи ќе бидат отворени и предмет на ревизија, а подеднакво ќе биде предмет на анализа и зошто не се постапувало, а требало да се постапува. Полна е устата со владеење на правото. Не може во Македонија да владее правото ако не се открие по чиј налог и чија наредба беа снимени незаконско прислушкувани илјадници наши сограѓани. Мора да се знае и за тоа некој да сноси одговорност, тој што ја дал таа наредба. Не може да има владеење на правото ако не се открие кој и зошто ги полнеше кутиите на референдумот, па имавме избирачки места со излезеност поголема од 99%. Не може да има владеење на правото, ако не се открие кој ги слушаше обвинителите и судиите. Сетете се само некако како јавноста да подзаборави на ова слушање на обвинителите и судиите кои што се обелодени на крајот од 2018 година.

Не може да има владеење на правото, ако не се откријат имињата на сите оние кои што се инволвирани во Рекет 1, Рекет 2 од прв до последен да одговараат за тоа што сториле. Не може да има владеење на правото ако не се открие и форензички испита телефонот на Бојан Јовановски да видиме со кого комуницирал, за кој цели комуницирал и која била намерата на таа комуникација и таа преписка. За кого се градени старечки домови, кој и зошто бирал локации и зошто токму во тие општини се избрани тие локации. И можам да ви редам уште многу примери зошто не може да има владеење на право. Не може да има владеење на право кога во Собрание се носат закони кои што се наменети за неколкумина за да се реализираат политички непринципиелни цели. И можам да редам до сабајле уште многу вакви примери, побара Мицкоски на протестот.