Затоа младите денеска но и сите граѓани во нашата Македонија ја изгубија надежта и затоа денеска и покрај сите овие розеви очила кои што ги имаат овие од мафијашката власт пласирана преку провладините медиуми. Денеска нема медиум каде што првите десет вести најмалку не сте го сретнале Зоран Заев три пати, не сте го сретнале Пендаровски двапати, не сте сретнале позитивна вест за Заев најмалку три пати, а народот мака мачи од први до први како да го помине месецот со празни џебови, изјави Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на протестот организиран од страна на опозицијата.
- Илјадници наши сограѓани останаа на улица без работа и молат и питаат за корка леб, ете во такво општество ние живееме денеска. Тоа е таа сурова реалност, а не е сурова реалност како што во првите десет вести денеска ќе сретнете на некој од провладините медиуми. Тоа е драги пријатели е суровата реалност.
Затоа ќе не има се повеќе, не треба да се обесхрабруваме. Тешка ќе биде битката. Но, ве уверувам дека на крајот народот ќе ја победи мафијата и ќе дојде правдата и силно ќе огрее сонцето за секој еден во нашата држава.
Нашата иднина драги пријатели мора да е земја во која правдата ќе владее, во која политичарите ќе бидат покорни слуги на народот. Безусловна правда значи апсолутна правда. Без правда нема силна држава. За да има правда мора мафијата да биде поразена и брутално изнесена пред лицето на правдата, да одговара за сите неправди кои што ги нанесе на секој еден граѓанин без разлика на неговата етничка припадност. А ќе падне и знам дека на мафијата ќе и се случи народ, народ порано или подоцна, додаде Мицкоски