СДСМ продолжува со паталошката опседнатост со Груевски, а има илјадници луѓе на протести кои велат дека им е доста од неправдите, реваншизмот и притисоците
Денес сме 2020 година и Груевски не е претседател на ВМРО-ДПМНЕ од 2017-та година. Знаеме дека е тешко тоа да го разбере Заев кој со Шеќеринска се единствените остатоци од транзицијата, но тука не можеме да им помогнеме во нивната патолошка опседнатост со Груевски.
И сето ова не може никако да биде оправдување за нивните неуспеси и фактот што Заев е неспособен да испорача правда. Илјадници луѓе на улиците излегоа да посочат доста е за неправдите, реваншизмот и притисоците.
Заев е извор на сите неправди и проблеми и нема сила за промени. Народот е уморен од неговите лаги и криминали. Правда ќе има и таа ќе почне од Заев и неговата мафија.