Поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев кој пред некој ден се повлече од оваа партиска функција поради лични причини, на својот фејсбук профил ги прокоментира написите кои се засилија овие денови во врска со неговите партиски активности и го „поздрави“ независното новинарство.

- До пред некој ден на одредени портали бев најлошиот, најнесоодветниот, најнегативниот лик ... сега, на истите тие портали сум добриот, исправниот, позитивниот лик во ВМРО-ДПМНЕ ... види мајката ... какви лоботомии ... човек просто да не може да поверува ...

Сум бил и ќе останам прво - човек и Македонец, а потоа и ВМРО-вец ... кој има проблем со тоа - нека си го носи!

Поздрав до “независното” новинарство кое објавува нарачани текстови со цитирам: “таа шпекулација не успеавме да ја провериме кај двете страни”.