Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање во однос на отфрлањето, од страна на министерот за правда Бојан Маричиќ, на барањето на опозицијата да предложи јавен обвинител, вели дека очекуван бил таков потег од причина што мафијата на власт ќе направи се за и понатаму без проблеми да си ги тераат криминалните активности.
- Јасно е зошто Бојан Маричиќ како министер на мафијата на власт бега од конкретен одговор на ова прашање. На мафијата на власт предводена од Зоран Заев им чини послушен јавен обвинител за да не се реагира за криминалот на Заеви, не се реагира за случајот ШИК Јелак и спонзорот Дака, не се реагира за Вице, не се реагира за Филипче, не се реагира за Драги Рашковски и скандалот во воздухопловството тежок неколку милиони долари и евра, не се реагира за ништо за ниеден случај, а се се тоа милионски скандали изброени во евра, ниту за рекетирање, ниту за подмитување дури нема случај ниту за прислушувањето во самото Основно јавно обвинителство. На мафијата на власт им одговара јавен обвинител кој што ќе ја штити мафијата слободно да царува и јавен обвинител кој што јавно ќе искаже целосна субјективност и загубена објективност кој што се потребни и основни карактеристики на еден јавен обвинител, потребен им е јавен обвинител кој што ќе вели дека опозицијата му предизвикува анксиозност, непријатност и нервоза. Тоа е вистина но и причината зошто некои личности во моментот се гонат, а некои се ослободуваат од судските нарачани процеси, вели Стоилковски.