Во ВМРО-ДПМНЕ видов една позитивна атмосфера со вклучени многу експерти научници, демократско одлучување со развивање на дискусија , еден спој на експерти и политичари, спој на млади и стари, вели докторот инфектолог и професор на универзитетот Гоце Делчев, Вело Марковски, синоќа во емисијата „Што не е јасно?“ , одговарајќи на прашањето зошто политика и зошто ВМРО ДПМНЕ.
- Верувам дека луѓето ќе ја препознаат таа заложба оти целиот ИК е со научни работници , буквално може факултет да се отвори. Мислам дека оваа структура ќе оди на политика не на реваншизам и дискредитација туку нудење на решенија. Небитно е дали ќе бидам министер за здравство, битно е дали ќе не се носат соодветни мерки и квалитетно да се работи. Здравството ни остана со телото во комунизмот, а главата во капитализмот. Немаме вистински реформи во здравството, се двојат премалку пари за да го решиме, нагласува Марковски.