На ден пред официјалниот старт на училишната година, образованието кое е клуч за креирање и одржување на државата е сеуште во фаза на тестирање. Родителите, учениците и наставниците се најзасегнати, Синдикатот за образование наука и култура алармира за бројни недостатоци, а надлежните бараат трпение.
Универзалниот опфат за квалитетно образование достапно за сите деца е клучен приоритет на современото општество.
Ние поддржуваме големи секторски реформи и процеси со кои ќе се обезбеди квалитетно образование, но со вистинска, реална функционалност. Напротив, добиваме информации дека предизвиците ВЕРОЈАТНО ќе се надминат. Сведоци сме на празни зборови. Ни недостасуваат дела.
Дали цел овој месец ќе помине во неуспешни обиди и адаптација, додека се презентира нова современа и нормална настава?
Дали Министерството за образование и наука може да состави план, стратешки приоритет со конкретни чекори и насоки, како до квалитетна учебна година за сите чинители во образовниот процес?
И конечно, дали Министерството за образование и наука признава дека платформата, која не убедуваа дека е најдоброто решение не е добра, не е функционална и се пренасочуваат кон друга?
Реакциите стигнуваат и од студентите, велат мобилната верзија не е воопшто функционална. Промоцијата за користење на платформата на 5 наставни јазици за жал не ги вклучува ромите и ромскиот јазик, за чие прашање јавноста чека писмен одговор од Министерството за образование и наука.
Јавните прашања се безбројни, а одговори се помалку.
Дополнително, во време кога постојат бесплатни оперативни системи, бесплатни мрежни сервиси, бесплатна замена за Офис програми, Владата предводена од СДСМ финансира софтверски лиценци, но залудно.
Училиштето значи функционирање на општествениот систем како целина. А ние денес сме сведоци на неуспешна платформа.
Образованието во својата модерна, дигитална форма, е уште еден во низата ваши неуспешни обиди.
Доколку учебната година не започне утре, ја повикуваме Мила Царовска да си поднесе оставка од позицијата Министер за образование и наука.
Новинарско прашање: Ваш коментар во врска со извештајот на ДЗС, за доделените бонуси во СЈО?
Одговор: Сите ние сме сведоци дека по основ на плати и трошоци за СЈО беа потрошени огромни суми на пари. Дополнително преку ДЗС дознаваме дека се потрошени 4,6 милиони евра. Единствениот резултат во работата на СЈО е случајот „Рекет“, е сега кога од една работа имаме резултат кој што е еднаков на нула, тогаш потребно е и да имаме кривична одговорност за ваквиот незаконски начин на трошење на парите на граѓаните. Но, најважно е да споменеме дека ниту СЈО, ниту СДСМ, ниту Зоран Заев испорачаа правда.
Новинарско прашање: Во врска со оставките на медицинските сестри на инфективната клиника, кои цело време го носат товарот за коронакризата, ваш коментар во однос на нивните оставки?
Одговор: Морам јавно да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ, изразува безрезервна поддршка на медицинските сестри, кои совесно и чесно си ги извршуваат работите задачи во последниот период, а воедно и на целовкупниот медицински персонал кој секојдневно се бори за да ги спаси животите на граѓаните. Како една од наведените причини поради кои што медицинските сестри си поднесоа оставка е нивното деградирање и непочитување на профилот „медицинска сестра“, како еедна од главните алки во медицинскиот систем. Ова е уште доказ за работењето на министерот Филипче во здравството. Како „благодарност“ за својот вложен труд добиваат деградирање од страна на државата, а владините политиките во здравството не даваат за жал никаков резултат.
Марија Митева