Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку својот фејсбук профил ги повика граѓаните да се придружат на масовниот протест на опозицијата најавен за во сабота.

- Мафијата секојдневно удира по темелите на државата,.

– Економијата во колапс, во aвгуст индустриското производство -10%, вработени во индустријата -5%, а според EuCham (Европската Стопанска комора), Македонија е помеѓу последните земји во Европа за водење бизнис во 2020 година, но и со највисок пад од 5 места споредено со 2019 година.

– Образованието крахира, а владата експериментира со најмладите,

– Културните работници мафијата ги прогласи за социјално ранлива категорија.

– Здравството е на колена, секојдневно лекари и медицински персонал го напуштаат, никогаш не излеговме од Ковид пандемијата, а секој ден броиме наши синови, ќерки, родители кои ги губат животите поради неспособноста на надлежните.

– 4,6 милиони € констатира пљачка во СЈО државниот ревизор, а обвинителството молчи, чека насока од мафијата. Нема правда, нема мир…

И додека ова се случува продолжува креирањето на лаги и конструкции од власта насочени кон мене и ВМРО-ДПМНЕ. Зошто? За да не се збори за крахот во државата.

Мицкоски ги повика граѓаните во сабота во 18:30 заедно да протестираат против неправди, реваншизам и политичко насилство.

Се гледаме на улица!, порача Мицкоски.