Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција истакна дека партијата ги разгледува сите можности за поднесување на импичмент на Претседателот Пендаровски поради тоа како што велат соучесништво со мафијата на Заев.

- Се разгледуваат сите можности и ќе бидат разгледани сите опции на телата и органите во партијата и ќе бидат издискутирани и ние оддамна кажавме дека Пендаровски е соучесник на мафијата на Заев, која што за жал оваа мафија функционира во оваа држава Република Македонија и многу подобро и од најдобрите времиња кога функционирала најголемата мафија во светот “Коза ностра“, вели Арсовски.