4 години СДСМ нема направено ништо за градење на гасоводна мрежа во Република Македонија. СДСМ не успеа да ја направи ниту примарната која до сега требаше да биде завршена и да почне со изградба секундарната и терцијарната гасоводна мрежа.
Македонија 4 години каска и заостанува во регионот и светот. Единствен проект кој што СДСМ го направи за енергетиката во изминатите години е поскапувањето на струјата за сега граѓаните да ја плаќаат најскапата струја во регионот и пошироко.
Струјата и енергенсите никогаш не биле поскапи од денес. Тоа е вина на СДСМ и Зоран Заев кои за да полнат џеб го оставаат и народот без леб.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ