Граѓаните и државата тонат во сиромаштија, а функционерите на Владата на СДСМ живеат хедонистички и уживаат во луксуз на државен трошок и нормално со парите на граѓаните.
Наредниот период ќе излезе на виделина целиот луксуз на функционерите на СДСМ изминативе 3 години, каде што граѓаните трпат за леб практично и се на работ на егзистенцијата, а функционерите на СДСМ и Владата ги трошат нивните пари за најголемиот луксуз.
Најновите податоци велат дека СДСМ никако не може да се откаже од луксузот.
За само 3 години набавиле 392 возила за институциите, а набавките вкупно чинеле 8.130.000 евра. Над 8 милиони евра од буџетот кој го полнат граѓаните и компаниите преку плаќање на даноци и слично, завршиле како трошоци за луксуз на функционерите на СДСМ. Воопшто не се штеделе парите на граѓаните, па се купувале најскапите и најлуксузните автомобили, лимузини и џипови кои чинат и над 40.000 и над 50.000 евра. Имаа и такви кои што достигнуваат и до над 60.000 евра.
Она што е многу симптоматично е што над 70% од набавките биле само со понуда од 1 набавувач, што јасно отвара сомнеж дека функционерите кои ги набавувале овие возила, точно знаеле какво возило сакаат да набават, точно така ги правеле условите во тендерот и однапред фаворизирале возило што им се допаѓа да се возат откако се на функција. Исто како да купуваат автомобил за дома, но не со нивни пари туку со парите на граѓаните. Токму така ги бирале автомобилите.
Морам да потенцирам, дека меѓу институциите што набавиле луксузни џипови од над 45.000 евра вредност по автомобил е и Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, која ја водеше изминативе години Лидија Димова, а за која вчера беше отворен случај од страна на антикорупциската комисија за проневера на финансиски средства. Тоа е и повеќе од јасно зошто треба да се преиспита буквално се во таа институција.
Очигледно е дека, додека дел од граѓаните немаат основни услови и компјутери, ИТ-уреди за онлајн настава на над 40.000 дечиња во Република Македонија, но затоа функционерите на СДСМ уживаат возејќи се во службени автомобили со кожа, луксуз, масажери и што ли уште не.
И претходно говоревме јавно за бројни скандали околу набавка на автомобили, но бидејќи обвинителството е во спрега со СДСМ и Заев, нема ниту еден отворен случај за овие сомнежи за проневери, затоа јавноста нека цени што и како работат функционерите на СДСМ.
Новинарско прашање: Најавивте кривична пријава за проневерата на над 4.6 милиони евра во СЈО преку плати и бонуси. До каде сте со постапката?
Одговор на новинарско прашање:Како што знаете ИК на ВМРО-ДПМНЕ на последната седница го задолжи правниот тим да изготви кривична пријава која што ќе биде поднесена за проневера на 4.6 милиони евра во СЈО. Ова е светски преседан што се случува во Република Македонија. Практично оние што требаше да ја гонат високата корупција, тие всушност ја правеа целата корупција, тргнувајќи од целиот случај на рекетирање, потоа со овие средства кои што беа префрлени преку бонуси, плати на незаконски начин кон луѓето кои што биле вработни таму, ако знаеме дека тие луѓе сите се блиски до некои од функционерите и раководството на СДСМ и повеќе од јасно е како се испумпувале пари преку СЈО и се делеле помеѓу луѓето кои што биле вработени таму по принцип на бонуси и останати давачки, но нормално како што и сега е потврдено на незаконски начин. Како што рековме се подготвува кривичната пријава и затоа ќе бидете навремено известени кога ќе биде поднесена. Би сакал само краток осврт да дадам дека доколку оваа Влада на СДСМ работеше домаќински и сите оние луѓе кои што беа и уште се инволвирани во оваа влада, работеа домаќински и не ги делеа парите на граѓаните преку своите роднини и пријатели кои што беа вработени во СЈО ќе можеа со тие пари, 4.6 милиони евра да се набават над 18.000 уреди за онлајн настава на децата што сега гледаме дека недостасуваат и повторно Владата и Заев не лажат дека ќе ги набават до март-април наредната година. Со истите пари можеа да се набават над 70 амбулантни возила кои што и те како во оваа здравствена криза фалат на Република Македонија и на клиниките и болниците во државата, 70 амбулантни возила не се малку. Исто така можеа да се набават над 300 респираторни машини за кои што како што знаете истиот период во корона кризата се обидуваше Владата на Зоран Заев, Оливер Спасовски, министерот Филипче да ги набават попрактично, двојно поголема цена тој период со парите на граѓаните. Така да со овие проневерени пари ќе можеа едноставно да се спасат над 18.000 дечиња да продолжат со своето образование, ќе можеа да се спасат и огромен број на граѓани кои што имале потреба од оние услуги од Министерството за здравство и од клиниките.
Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ