Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од протестот кој го организираше опозицијата истакна дека устата на власта е полна со принципи на Европската Унија додека им пропадна банка од 200 милиони а ОЈО ни под разно не смее да помисли да отвори истрага.

- Видете што се случува во овие два месеци власт на мафијата на СДСМ, за само два месеци им пропадна банка од 200 милиони евра. Секаде во светот да пропадне банка ќе има барем некаква истрага, а кај нас има молк, обвинителството молчи. Се случи со панамски пари да се купи земјиште во Тетово за бизнис вреден 200 милиони евра. Наместо да се сокрие и да молчи поради срамот, Зоран Заев излезе и јавно призна дека тој бил човекот кој им кажал на советниците да гласаат со кој се овозможува бизнис од 200 милиони евра во Тетово.

И обвинителството се прави како да не слушнавме снимка од тој анто ЕУ и анти НАТО бизнисмен каде вели дека си платил пари и дека редовно се среќавал со Рашкоски и Заев, самиот кажува, а Обвинителството молчи.

Во овие два месеци се случи да излезе извештај дека се потрошени над 8 милиони евра ваши, наши пари за службени коли, ама Јанкуловска мора да одговара за мерцедесот кој денес власта на Заев го вози. И одењето во затвор пропатено со малтене пренос во живо за да се задоволи злобата на мафијата и Заеви беше со цел, со единствена цел тие денови да се отргне вниманието од хаосот за стартот на учебната година, истакна Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.