Моите информации говорат дека извештајот на Државниот завод за ревизија за незаконските додатоци на плата на обвинителите во поранешното СЈО се држело во фиока 5-6 месеци, само за власта, односно мафијата на власт да нема штета пред парламентарните избори, истакна на вечерешниот протест Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Овие два месеци излезе извештај на државна институција ДЗР со кој се констатира дека СЈО, се сеќавате на онаа изјава на Зоран Заев кога вели дека со мене не можел да се договори затоа што претходно се договарал за Пржино, а резултат на Пржино е СЈО со кое што денеска илјадници членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ се тормозат. Ете тоа СЈО украло ваши пари, криминалците од СЈО украле ваши пари 4,6 милиони евра. Тие кои што требаше правда да донесат, крадеа ваши пари, пари на народот, тешко спечалени пари на народот. Е затоа Христијан не се договараше Зоран Заев со тебе, за да нема ново Пржино, за да не може истите тие бандити да украдат нови милиони евра ниту од народот, а ниту од владата. Е затоа јас никогаш нема со тебе да се договорам, ниту за тој договор понижувачки од Преспа, ниту за договорот од Прижино, за да не оставиме на бандитите парите на народот да ги крадат и да не одговараат за тоа.

Потрошиле 4,6 милиони евра, за додатоци на плата а ништо не сработеа освен да посипуваат со пепел и да уценуваат луѓе за пари.

Тоа се вика чист криминал, лоповлук и крадење.

И не може никој да ме увери дека тоа не го знаеше мафијата на власт. Информациите говорат дека извештајот бил готов уште пред 5, 6 месеци ама држен во фијока за да не направи штета на Заев и мафијата пред изборите.

Само да опишам дека со 4,6 милиони евра поделени на неколку луѓе можеа денеска да се купат 20 илјади компјутери за нашите најмили да можат на европски цивилизиран начин да следат настава, да може да се образуваат.

Можеа да се дадат 20 не 2 денари на лозарите од Тиквешијата кои што денеска се мислат како да го поминат месецот од први до први, едни размислуваат за следната реколта, а се думаат со секира и пила да ги исечат лозјата кои што до вчера ги хранеа нивните семејства, ги образуваа нивните деца.

Можеа да се изградат 4 нови училишта, 5 нови амбуланти ама тие отидоа во џебот на чарлиевите ангели. Свесен сум денеска дека после оваа изјава ќе го навлечам сиот гнев на чарлиевите ангели и свесен сум дека активистите на ВМРО-ДПМНЕ, оние лојалните, чесните, честите кои што останаа со ВМРО-ДПМНЕ, не оние кои што му седат во скутот на Заев и плукаат против мене и ВМРО-ДПМНЕ, плукајќи против Македонија, коленичат за милост пред мафијата, туку оние чесните од утре ќе бидат повикувани овде, ќе се издржуваат врз нив. Ние ќе издржиме, ќе ги издржиме и чарлиевите ангели, ќе го издржиме и овој мафијаш на власт, ама ќе дојде денот кога правдата ќе ве стигне, доживеал јас или не. Тој ден ќе дојде јас ви ветувам.

Поради сиот овој криминал обвинителството молчи.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава, иако знаеме дека со ова обвинителство шансите за одговорност се мали, но нека седи, нека знаат дека ќе дојде на сцена таа кривична кога правдата ќе ги стигне сите, истакна Мицкоски.