Ќе дојде тој ден кога ќе молиш да ја коментираш таа опозиција, јас ти ветувам дека ќе дојде ден дали со мене, без мене, жив на овој свет, ќе молиш пред овој народ. Верувај ми ќе молиш, му порача Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на неговиот политички противник од власта Зоран Заев.

- Круната на мафијашењето на оваа власт е тоа што власта реши Кацарска да ја унапреди за завршената работа. Кацарска да ја направи уставен судија. Значи оваа што го гази законот сега трeба да го чува Уставот.

Какво е тоа пукање во слепоочница на правдата! Нејзиното име се споменуваше како синоним за корумпираното судство а сега таа треба да го чува уставот, а уставобранителите се сеуште по затворите, казнети по 17-18 години робија. Им беа делени притвори како да е тоа најлесната работа на светот. Ама еве стигна доказот дека политика е во прашање, а зад политиката има мафија, мафија на власт.

Затоа ќе го слушнете Зоран Заев кој што онака по малку надмено штотуку излезен од оној мерцедесот за кој што Горде денеска е во затвор, а дома синот солзи рони, кој што го гази напатосниците на крвта на тие луѓе кои што го спечалиле, помалку надмено ќе каже немал што тој да ја коментира опозицијата. Ќе дојде тој ден кога ќе молиш да ја коментираш таа опозиција, јас ти ветувам дека ќе дојде ден дали со мене, без мене, жив на овој свет, ќе молиш пред овој народ. Верувај ми ќе молиш.

Затоа овој истиот човек бега опозицијата да предложи независен јавен обвинител. Како дете кое ќе се заигра, еден ден нуди обвинител на опозицијата, а друг ден се повлекува. Страв му е зошто знае дека ако ги нема овие ќе треба да одговара и тоа ќе одговара за многу криминал. Еве нека биде еднаш со исправена кичма и нека прифати независен јавен обвинител на предлог на опозицијата. Нам ни треба елиот не космодикс обвинителство како ова сега.

Не смеат да спомнат за правда, не смеат да ми спомнат за rule of law, се додека не ми објаснат како градоначалник на општина кој што сите го гледавме и слушавме како бара мито, денеска не одговара за тоа мито. Не можат да спомнат за владеење на право ако не ми објаснат како на избирачки места за време на референдумот имаше излезеност поголема од 95 проценти а таму нема ни 35 проценти од жителите кои што гласале. Не можат и не смеат да ми спомнат за владеење на правото додека не дознаеме кој ги слушаше обвинителите и судиите а министерот за внатрешни работи велеше дека снимките биле на сигурно, божем кај него да не се грижиме.

Не може да има владеење на правото додека не се осветли Рекет 1, додека не се вештачи телефонот на Бојан Јовановски. Не може да има владеење на право, додека не се осветли случајот Рекет 2. Не може да има владеење на правото, додека не ги видам оние 11 милијарди кои што ги ветуваа на овој народ вратени назад во буџетот. Каде се тие 11 милијарди? Тие кои до вчера за вас беа криминалци, денеска ви се верни покорни слуги. Верни и покорни слуги во вашиот скут.

Не може да има владеење на правото додека не се расчисти како се пуштаа луѓе во притвор за да гласаа во парламентот, за тоа што го направивте.

Да, не се договарав со вас и добро е што оние платеници кои ме обвинуваа дека сум се договарал, добро е што слушна македонската јавност дека ниту сум се договарал, а јас ви кажувам ниту има намера со криминалци како вас да се договарам.

Јас сакам и Јован и Антониј да ги гледам во очи и со чист образ да го завршам земски живот.

Никогаш со криминалци нема да се договорам, по било која цена.

Нам ни треба правда, нам ни треба будење од сонот на обвинителството, нам ни треба правда за обичниот човек.

Заев и СДСМ се најголемиот непријател на правдата. И токму затоа нападите кон мене се најголеми, затоа што не сум се договарал и тие ќе продолжат, ќе бидат крволочни, ќе бидат жестоки затоа што знаат дека ако преживеат ќе одговараат од првиот до последниот и тие што со нас седа одеа, а денеска им се верни слуги на мафијата заедно со мафијата од прв до последен ќе одговараат за се што направија, истакна Мицкоски