Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави две контрадикторни изјави на министерот за финансии Фатмир Бесими, во однос на јавниот долг на Република Македонија споредено со БДП-то.

Разликата во кажаното е околу две недели. Вистината е дека се надминува границата од Мастришките критериуми од над 60% од БДП. Должничкото сценарио станува драматично, додека Владата нема капитални проекти, а ги троши парите на граѓаните. Економијата на Заев блеска со порази, неспособност и криминал. Го достигнаа историскиот максимум во задолжувањето, исто како и во кризата и неспособноста на било која влада до сега“, вечи Мицкоски.