Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски уште еднаш побара враќање на старата цена на струјата и разрешување на претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.
- Бараме веднаш враќање на старата цена на струјата. Македонија плаќа најскапа цена на струја во Европа споредено со примањата коишто ги имаат, односно ги немаат македонските граѓани, како и разрешување на Марко Бислимоски ,кој е послушник на Зоран Заев! Ова е важно за македонската економија којашто во моментов е на колена,пишува Мицкоски на Фејсбук.