Додека мафијата на власт се богати и стекнува имоти и во странство, народот во Република Македонија тоне во сиромаштија. Зоран Заев како премиер на Република Македонија со денови го избегнува скандалот за кој пишуваа странски медиуми дека Заеви, нивни блиски луѓе до семејството стекнале ексклузивен имот на Халкидики во Грција. Дали Кланот Заеви метастазира до степен да го зафати целиот регион? Македонија поради Заев станува предмет на регионална опсервација, за тоа како земјоделското семејство Заеви за толку кратко време станало толку богато за да може да поседува луксузни имоти и вили во странски држави. И македонската јавност и регионалната јавност отворено прашуваат уште колку имоти имаат Заеви надвор од Република Македонија, во време кога земјата е една од најсиромашните земји во Европа и на врвот по корупцијата во Европа? Додека над 40 илјади лица останаа без работа, а приближно толку деца не можат да ја следат наставата, бидејќи нормално немаат основни услови и ИТ уреди да им обезбедат родителите заради сиромаштија, медиумите известуваат за луксузни хациенди покрај море, со базени кои народот може да ги види само на телевизија и на филмови. Додека вредните лозари добиваат мизерни два денари за килограм откупено грозје, заработка со која не можат ни да ги покријат основните трошоци за живот некој стекнал толкаво милионско богатство со кое купува имоти и луксузни добра за своето семејство во случајот премиерот Заев. Ова е вистинското лице на Република Македонија. На една страна е мафијата на власт, на друга страна е сиромашниот народ. Старите велат ситиот не го верува гладниот. Затоа имаме власт која што не ги разбира потребите на граѓаните кои бараат достоинствен живот, па мислат дека со фрлање на трошки кон граѓаните ќе купат социјален мир дури кога некој друг од власта товари милиони во своите џебови. Македонија забрзано оди кон економски колапс дури хациенди никнуваат во Грција или кој знае каде на друго место во Европа и светот. А, за тоа можеби ќе дознаемо во иднина. Јавноста мора да добие одговори, кој ги поседува овие вили, кои странските медиуми ги поврзуваат со Заеви? Како се стекнати овие вили? Колку чинат овие луксузни вили? И од каде се парите за вакво луксузирање и купување на вакви хациенди? Почитувани, Мафијата во Република Македонија за жал го осиромашува народот. Тоа е тажната вистина за Македонија. Прашање: Во кампањата пред изборите предлагате закон за потекло на имот, дали со ова законско решение би можело да се испита потеклото на имот на функционерите? Одговор: Да, токму тоа беше поентата на нашиот предлог кој што се надеваме дека ќе се реализира во Република Македонија како наша иницијатива, од едноставна причина затоа што и нашето барање, потекло на имот за политичарите за сегашните актуелните но и претходните од осамостојувањето на Македонија па до денес, но и останати категории на функционери кои што се плаќани од парите на граѓаните, но и нивните семејства не само тие самите функционери се со цел да се испита од каде им е стекнат имотот дали имаат стекнато имот на нелегален начин или сето она кое што го имаат стекнато им е стекнато на законски начин. Едно такво проветрување и прочистување ќе може да значи и да се дознае кој функционер на кој начин ги стекнал парите, дали е виновен затоа што Македонија отишла на некој начин во загуба заради него и нормално после тоа да одговара за истите тие постапки доколку е виновен. Прашање: Ќе поднесете вакво законско решение во Парламентот? Одговор: Да веќе го имаме тоа изјавено ќе поднесеме. Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ