Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку својот фејсбук профил ја искоментира денешната рекордна бројка на новозаразени пациенти со коронавирус.

- 317 новозаразени од КОВИД.

Работата одамна е излезена од контрола. Заев пред изборите прогласи победа над заразата, демантот на ова стигнува секој ден изразен во заразени и смрт.

Неспособноста на Заев и министрите убива и чини животи.

Ако мафијата, наместо кон крадење беше насочена кон спасување животи, денес ќе имавме друга ситуација.

Починатите не се бројка, тоа се имиња и презимиња кои денес не се со своите семејства.

Неспособноста на Владата убива!, пишува Мицкоски.