Утринава Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во утринската емисија на Алфа телевизија каде што посочи дека Извештајот на ЕК треба да се гледа во перспектива. Извештајот на ЕК претставува една рентген слика на тоа каква е состојбата во општеството, во Македонија. И во повеќе од стотина страни се анализираат аспекти на македонското општество, на македонската политика, македонските институции.

„Проблемот првенствено е во корупцијата, која што во овој Извештај го зазема највисокото место на критика. Вториот сериозен проблем е реформата во јавната администрација, која што исто така е проблем затоа што не е сервис на граѓаните. Не нуди услуги. Тука се и ред други домашни задачи која што власта очигледно не им посветила воопшто доволно внимание. И како еден најголем проблем за кој што треба многу да внимаваме во наредниот период особено заради КОВИД кризата е проблемот со економијата на кои особен акцент се става во самиот Извештај“, нагласи Андоновски.

Андоновски додаде дека власта парите што ги зема на заем ги троши непродуктивно.

„Како е тоа непродуктивно? Парите се трошат на превработување на администрацијата, имавме десетици огласи во Општините за време на криза. Се пополнети некои Општини по 200-300 нови вработувања. Имаме договорци, тие што ги велат хонорарни вработувања сето тоа за да се зачува еден внатре партиски мир кај СДСМ. А, од друга страна немаме никакви капитални инвестиции, односно тие пари кои што се земаат не се вложуваат“, истакна Андоновски.

Андоновски посочи дека според критериумите од Мастрихт се смета дека државата може да пристапи кон ЕУ ако задолжувањето и е до 60% од БДП. Ако се надмине тој праг автоматски не се исполнува еден од клучните услови на ЕУ.

Андоновски напомена дека за носење одлуки и пресуди судската власт за одредени луѓе бргу решава во случај на претставници од поранешната власт или пак обични граѓани, а пак за функционерите од актуелната власт решенија нема, предметите и случаите се заташкуваат.

„Ние пред изборите предложивме донесување на Закон за испитување на потекло на имот. Не може да ни се случува политичар кој што се занимава со политика 5-6 или пак 7 години, еден или два мандати да му се случи да има милиони или милијарди во имот, во автомобили, во луксузни вили. Политиката не смее да биде извор на доход како да сте бизнисмен во некоја најиновативна компанија. Па во „Гугл“ да работите вие не можете за 5-6 или 7 години да заработите толку имот како што има фамилијата на власта“, рече Андоновски.

Андоновски посочи дека такви нелогичности во Западниот свет се откриваат но и казнуваат, така треба да се одвива и во Македонија.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ