Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски на својот фејсбук профил обвинува дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во само еден прераспределил 40 професионални полициски службеници, надвор од нивното место на живеење.
За само за еден ден (07.10.2020) Оливер Спасовски прераспореди вкупно 40 професионални полициски службеници и ги испрати да работат надвор од своето место на живеење – од Куманово во Скопје, Свети Николе, како и во граничната полиција во Чашка, Белановце и Сопот.
Паралелно во СВР Куманово се водат 30-тина неосновани дисциплински постапки.
Класичен политички реваншизам на Спасовски, токму против оние кои одбија да и слугуваат на мафијата, кои одбија да вршат масовен поткуп на изборите и останаа доследни на својата професија.
Политичкиот реваншизам на Спасовски е најсилен во неговиот роден град, затоа што и отпорот против него во Куманово е најсилен
Ќе дојде ден за ПРАВДА, ќе одговараат за сѐ и Спасовски и неговите слепи послушници во СВР Куманово“, обвинува Петрушевски.