Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави табеларен преглед на кој може да се види дека Република Македонија последните денови има повеќе заразени на милион жители за разлика од Америка, Русија и Бразил.

- Денес 364 нови случаи на заболени од Ковид.

Што уште треба да се случи за да почнат оставки и промени во политиките на владата? Или ќе ѝ се стави крај на неспособноста на мафијата која убива, или ќе се дозволи целото население да се зарази со Kовид.

775 семејства досега останаа без свој близок, затоа што Владата на Заев сметаше дека блеска, тогаш кога нивната неспособност да се справат со заразата, одземаше животи, вели Мицкоски.