Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на својот фејсбук профил вели дека преку државните механизми власта на фирми блиски на министрите од СДСМ и на премиерот Зоран Заев им давала милионски суми финансиски помош и грантови.

-Владата во последните 6 месеци, преку државните механизми, на министрите од СДСМ и компаниите блиски до Заеви додели МИЛИОНСКИ суми финансиска помош и грантови. И тоа од парите кои ги плаќаат граѓаните кон државата! Притоа, ја задолжи државата за 60%.. Во низата непромислени стратегии е најновата: дека ќе ги пуштат да пропаднат сите оние компании кои нема да можат да се справат со оваа економска криза и ќе бележат загуби! Под изговор, дека е тоа европски! #ДостаЕ!, стои во неговиот пост на Фејсбук.