СДСМ донесе цунами во економијата. Над 40 илјади лица ги изгубија своите работни места поради неспособноста на мафијата на власт. Индустриското производство бележи двоцифрен пад, а бројот на вработени во тој сектор е помал за 5 %. Поради тоа што беа посветени на криминал и корупција и предизборен поткуп, а не на реална поддршка на економијата, падот на БДП во вториот квартал е застрашувачки 12,7%.
Дополнително Зоран Заев без срам најавува дека ќе ги остави да пропаднат сите фирми кои едвај преживуваат или бележат загуба во време на корона кризата. Тој целиот свој ангажман ќе го посвети само на неколку фирми, веројатно оние кои припаѓаат на неговиот клан, за кои дури предвидува дека ќе им обезбеди и можност да го купат целокупното преостанато државно земјиште.
Граѓаните со мафијата на власт се оставени да тонат во економија. Им ја покачија струјата за 7,5%, им воведоа повисоки акцизи на горивата, лозарите ги оставија без откуп или откуп по смешни цени, угостителите без реална поддршка и тн.
Сето ова покажува дека мафијата на власт на чело со Заев е ставена во полн погон на криминал корупција и осиромашување на народот.