ВМРО-ДПМНЕ за утре најави нов протсет кој ќе започне од Министерството за правда а ќе заврши пред Секретаријатот за европски прашања. Тие утре ќе протестираат против злоупотребата на европски пари и доделувањето на браќа на пратеници, за магариња, фризерници, сирења и слично.

- Веќе три години се читаат и слушаат скандали низ медиумите со докази за проневери и сомнежи за криминал, а ЈО и финансиската полиција молчат.

Се молчи за скандалот каде 270 000 евра беа доделени на фризерница од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Се молчи и за скандалот каде се доделени 83.000 милиони евра за тренирање на хрватско магаре.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓаните утре 16.10.2020 од 18:30 часот на протест од Министерство за правда до Секретаријат за европски прaшања и да се стави стоп за злоупотреба на европските пари.