Вчерашната бројка на новозаболени е уште еден доказ на неспособноста на власта да се справи со КОВИД – 19.
Власта дозволи одредени дискотеки да се над законите затоа што се заштитени од мафијата на Заев.
Дискотеки и кафебарови во Струмица ги изигруваа законите и процедурите зошто јавна тајна е дека се блиски до семејството Заеви. Но, таквата разузданост се плаќа со здравјето на граѓаните. Секојдневно во Струмица имаме над 30 заболени од КОВИД-19. Тоа е уште еден во низата на докази за неспособноста на министерот за смрт и зараза, Венко Филипче кој не е способен да ги дефинира и спроведе протоколите за здравствена заштита.
Неспособноста на Филипче и Заев резултира и со огромни бројки на заразени, болничките капацитети во сите градови се преполни, ветените монтажни болници никаде ги нема.
Филипче ветуваше 16 монтажни болници во поголемите градови за справување со претстојниот есенски бран на КОВИД-19. Но есенскиот бран на КОВИД веќе удри врз граѓаните, а Заев и Филипче уште немаат набавени ниту вакцини против сезонски грип, иако тој чука на врата.
Ова што се случува деновиве е фијаско на сите нивни политики. Ситуацијата е целосно излезена од контрола.
Погрешните и лоши политики на власта ја искачија Македонија на врвот во регионот и пошироко по новозаболени и починати.
Власта предводена од СДСМ поради својата неспособност носи на душа 824 починати лица.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ