Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил ја информираше јавноста дека досега од 12 разгледани амандмани на расправата на ребалансот на буџетот, поднесени од опозицијата, одбиени се 11 а само 1 е прифатен.
- Владата предводена од Зоран Заев нема слух за проблемите на граѓаните.
Поднесени се 177 амандмани во Собранието на Република Македонија. Од досега разгледаните 12 амандмани одбиени се 11, а прифатен само 1.
Владата го одби и амандманот поднесен за ребалансот на буџетот, да бидат ослободени од плаќање на закупнина до крајот на годината, сите оние кои останале без работа поради Ковид кризата, за општествените или социјалните станови, а закупнината да ја надомести владата, информира Мицкоски.