Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на прашања на граѓаните преку социјалните мрежи истакна дека доколку Владата донесе било каква одлука во форма на одлука со која ќе го дефинира ликот и делото на Гоце Делчев, истата кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт ќе биде поништена и нема да се почитува.
- Доколку навистина биде прифатено од страна на СДСМ и Заев дека Гоце Делчев во регионална смисла на зборот е Македонец, а како националност, односно нација е припадник на Бугарската нација, тоа ќе значи целосно асимилирање на македонската нација, удар во темелите на македонската нација и современата македонската држава, дополнително понижување.
Ова ќе биде апсолутно на негова одговорност, владина одлука која следната влада на ВМРО-ДПМНЕ, доколку ја предводам јас, веднаш таа одлука ќе ја поништи и нема никогаш понатаму да ја почитува истата-истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.