Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски преку социјалните мрежи информираше дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела иницијатива за оддржување на надзорна расправа во врска со стечајот на Еуростандард банка.
- Дали пропаѓањето на "Еуростандард Банка" е македонскиот втор "ТАТ" - кои фирми имале корист од милионски кредити, дали овие фирми биле блиски до фамилијата на власт и колку високи функционери, членови на владата, знаеле предвреме за стечајот на банката?
Наскоро, по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, Собранието ќе расправа на оваа тема и ќе се откријат многу сериозни манипулации, информираше Милошоски.